
Сите субјекти биле на возраст над 50 години, што значи дека припаѓале на група каде постои ризик од развој на метаболички нарушувања.

Голем број на студии покажуваат дека не е важно само што јадете, туку и кога јадете.
За да ја тестираат оваа хипотеза, научниците го проучувале метаболизмот на шест лица кои јаделе во различни периоди од денот. Сите субјекти биле на возраст над 50 години, што значи дека припаѓале на група каде постои ризик од развој на метаболички нарушувања.
Во првото испитување, сите јаделе ист појадок, ручек и вечера. Во втората им беше изоставен појадокот, но после вечерата како дополнителен оброк, пред спиење им била дадена калорична закуска. Појадокот во осум наутро и доцната вечерна закуска во 22 часот имаа исти калории (700) и беа нутриционистички еднакви. Количината на физичка активност беше иста и во двата теста.

Научниците откриле дека, и покрај тоа што имале подеднакво калорично јадење и физичка активност, времето за јадење имало значителен ефект врз согорувањето на мастите.
Фактот дека дневниот биоритам на телото, со кој се регулира согорувањето на мастите, има важни последици врз навиките на јадење, односно ја потврдува тезата дека е подобро да се прескокне оброк пред спиење одколку појадокот.