Експертите всушност тврдат дека кога го изложуваме нашето тело на благ и привремен стрес – како на пример одење во сауна или одење на тренинг, оваа постапка е позитивна за нашето здравје до тој степен што може да ни помогне да издржиме лош стрес подоцна.
Неодамнешните истражувања покажаа дека клеточниот процес, којшто е вклучен за време на привремените добри стресови е истиот оној што е одговорен за продолжување на животниот век.
Во истражувањето, објавено во списанието Nature Commmunications, се вели дека истражувачите откриле поврзаност помеѓу благиот стрес и зголемување на стапката на автофагија, процес што рециклира стари и расипани клеточни компоненти. Овој процес доведува до создавање на нови молекули и енергија што му се потребни на организмот.
Научниците се надеваат дека добиените резултати би можеле да бидат релевантни и за болести како што се Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест.
Прашањето е, дали тоа значи дека треба да одиме во сауна, да трчаме и да вежбаме јога?
Експертите за порталот Свирлинг велат дека не е на одмет. Бројните студии докажаа дека почестите посети на сауната се директно поврзани со подолготрајниот животен век на една личност. Исто така, трчањето и јогата го носат телото на една личност, но исто така и неговиот ум пред високи цели и во предизвикувачка позиција, што може да се оцени како добар стрес.