НАУЧНИК ОТКРИ ЕДНОСТАВЕН ТЕСТ КОЈ МОЖЕТЕ ДА ГО НАПРАВИТЕ ДОМА! Еве како да дознаете дали имате ГРИП или КОВИД

21 август, 20200
domasen test

Научниците се фокусираа на феноменот на губење мирис, кој честопати ги погодува луѓето заразени со корона вирусот, и дојдоа до важно откритие.

Откритието го пренесува Би-Би-Си, а научниците велат дека губењето мирис е уникатно и е сосема поинакво од она кога чувството за мирис исчезнува поради настинка.

Имено, аносмијата во Ковид-19 е ненадејна и многу силна. Покрај тоа, не следи затнат нос. Напротив, повеќето луѓе заразени со Ковид можат нормално да дишат преку носот, што не е случај со настинките и грипот.

Друга работа по што се разликува Ковид е губењето на вкусот. И тоа не е, велат научниците, благо нарушување на вкусот предизвикано од губење на мирис. Оние кои страдаат од Ковид навистина не можат да разликуваат, да речеме, слатко од горчливо.

Научниците го објавија овој заклучок во списанието Ринологија, и тие се сомневаат дека тоа се случува затоа што вирусот влијае на нервните клетки кои се директно вклучени во создавање вкус и мирис. Тие исто така велат дека секој со овие симптоми треба да биде тестиран за корона вирус и дека членовите на неговото семејство треба да бидат во изолација.

Истражувањето што го покажа ова беше спроведено на над 30 волонтери. 10 имаа ковид, 10 имаа настинка, а 10 беа целосно здрави. Се покажа дека губењето на чувството за мирис е поизразено кај луѓето со ковид, а Карл Филот, професор на Универзитетот во Источна Англија, кој го спроведе овој тест, вели дека самите луѓе би можеле да спроведат свој мал тест со производи како кафе, лук , портокали или лимони и шеќер. Се разбира, ништо не може да го замени лабораторискиот тест, потенцира тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *