Висок, црнокос, со убави очи и шампион.
Американската тенисерка Венус Вилијамс откри кој од тенисерите го смета за најатрактивен, но тој не е еден од момците на сегашната генерација.
За време на викендот, таа одговори на различни прашања преку нејзиниот канал на YouTube и едно од нив беше за нејзиниот најсекси колега. Таа го избра Пит Сампрас.
„Момци од соништата. Ќе кажам дека кога бевме млади, сестра ми и јас мислевме дека Пит Сампрас е секси. И, ова е да речеме, 1990-тите години кога тато ни рече „не мора да ви се допаѓаат никакви момци“. И бевме во фазата „ок, тато“, па оттогаш сфатив дека не треба да обрнувам внимание на момците на ATP турата. Но, сепак се „жешки“, се пошегува Венус.
Никој од помладата генерација не се најде во нејзиниот избор.
И таа и Сампрас ќе влезат во тениската историја како повеќекратни добитници на титули во Гренд Слем, а нејзината сестра Серена, исто така, веројатно ќе биде најдобра во историјата на женската конкуренција кога ќе ја заврши кариерата.