Не сте имале секс долго време? Еве како тоа го загрозува вашето здравје ако сте жена, и како ако сте маж

21 јуни, 20200
хфдгд

Кој не го сака сексот?

Ова е повеќе реторичко прашање.

Од дамнешни времиња, сексот е една од омилените „занимања“ и на луѓето и на животните.

Сепак, се случува да не сте во врска долго време и што значи ова за вашето тело?

  1. Вие сте под поголем стрес

За време на сексот, телото испушта допамин, серотонин и окситоцин, кои се познати како хормони на среќата. Напливот на овие хормони, што ги добиваме од бакнување, гушкање, а особено од оргазмот, ни помага да се опуштиме. За некои луѓе, сексот е исто така начин на одвраќање што им помага да ги одвлечат размислувањата од проблемот, што им помага да ја намалат анксиозноста. За среќа, мастурбацијата предизвикува сличен ефект, па можете да си помогнете и со неа. Вежбањето исто така го зголемува нивото на овие хормони во организмот.

  1. Проблеми со спиењето и меморијата

Имено, серотонинот помага во регулирање на спиењето и заради тоа, понекогаш се чувствувате многу поспани по дејството. Покрај тоа, ја подобрува нашата способност да учиме и да се сеќаваме.

  1. Слаб имунитет

Некои истражувања покажуваат дека оргазмот може да го зајакне нашиот имунолошки систем.

Една мала студија спроведена во 2004 година на 11 лица откри дека оргазмот постигнат со мастурбација ја зголемува концентрацијата на адреналин и пролактин во плазмата, што е протеин кој има повеќе функции, од кои едната е потребна од други клетки за зајакнување на имунитетот.

  1. Вагиналните sидови стануваат потенки

Без грижи, ако немате секс три месеци, вагината нема да се промени целосно, но подолг период на апстиненција може да предизвика некои промени.

„Сексот предизвикува зголемен проток на крв во вагината и природно подмачкување, што значи дека подолг период без секс може да предизвика вагиналното ткиво да стане помалку влажно и тенко.

Сепак, ова е ретка појава кај млади и здрави жени и се јавува почесто кај жени кои поминале низ менопауза “, објасни гинекологот Сара Велс.

  1. Поголем ризик од еректилна дисфункција

Д-р Ерим Чаудрај предупредува дека мажите кои немаат редовен сексуален однос имаат зголемен ризик од еректилна дисфункција, особено ако се постари мажи. Редовната ејакулација го намалува ризикот од развој на рак на простата и го намалува стресот.

  1. Чувство на изолација

Ако сте навикнати редовно да имате секс, нагло прекинување може да предизвика ментални проблеми.

„Подолги периоди без секс влијаат врз луѓето на различни начини, а тоа зависи од тоа каков е вашиот сексуален порив. Ако веќе имате силен сексуален нагон, долг период без секс може да предизвика голема фрустрација. Луѓето со високо либидо, во период без секс, можат да имаат ментални проблеми. Има многу придобивки од редовниот секс, а намалувањето на стресот е само една од нив. Не станува збор само за физичко задоволство, но исто така се чувствувате повеќе поврзани ментално со друго лице “, објаснува психологот Беки Спелман.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *