Не веруваат во карантин: Европска земја која повеќе се плаши од глад отколку од коронавирус

popara4 април, 20202min00
корона

Белорусија е една од ретките држави на Стариот континент која нема донесено одлука за карантин заради пандемијата од коронавирус, ниту пак на своите граѓани им препорачува социјално дистанцирање.

Иако пред неколку денови е забележан првиот смртен случај предизвикан од оваа болест, во оваа источна земја училиштата, кафулињата, рестораните и сите останати угостителски објекти и понатаму се отворени, јавниот превоз функционира по вообичаен распоред, дури се одржуваат и спортски натпревари од белоруското фудбалско првенство.

“Повеќе луѓе ќе починат од невработеност и од глад отколку од коронавирус” изјавил белорускиот претседател Александар Лукашенко на состанокот во Минск одржан кон крајот на март оваа година. Им порачал на граѓаните да продолжат да работат бидејќи економијата е најголем проблем.

Иако Светската Здравствена Организација дава конкрени совети и препораки за однесување во време на пандемијата од коронавирус, претседателот Лукашенко своите јавни настапи ги користи за да ги увери своите сограѓани  во спротивното.

Ги замолил граѓаните да одат во сауна кадешто температурата достигнува до 60 Целзиусови степени, температура на која вирусот не може да преживее, а потоа да пијат водка, но и да продолжат да работат на своите фарми бидејќи тракторот може да излечи сè!

Поради советите кои не се проверени со факти, но и поради недостатокот на службени информации за реалната ситуација со заболени во земјата со 9,5 милиони жители, Белорусите почнале да ги бараат одговорите на друго место, па и да носат сопствени одлуки.

На пример, едно приватно училиште самоиницијативно донело одлука да воведе онлајн настава со што се сложиле сите ученици и родители. “Ја следиме меѓународната ситуација и се чини дека е поодговорно да се воведе учење настава на далечина” изјавила наставничката од училиштето.

Во главниот белоруски град самоиницијативно се затворени и неколку кино сали, кафулиња и ресторани. Метрото во Минск објавило дека е намален бројот на корисници на нивниот превоз за една четвртина.

Експертите се сложни дека земјата ја владее необичен парадокс- иако нема службен карантин, се повеќе луѓе кои имаат можност, се затвораат во своите домови за да се заштитат од ширење на заразата.

Спротивната насока за управување со пандемијата ја преземала и Шведска. Во оваа развиена земја нема страв од глад, но владата секако одлучила да се продолжи и понатаму со нормален живот.

Забранети се собири со повеќе од 50 луѓе, како и излегување од дома за оние кои се болни и најзагрозени. На останатите им се препорачува да продолжат со своите вообичаени обврски, хобија и планови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma