Некогаш оригиналниот рецепт за Панч се состоеше од пет состојки и доаѓа од Индија, а денес постојат безброј рецепти од алкохолни до безалкохолни! Еве еден од нив (РЕЦЕПТ)
Првите записи за овој ароматичен пијалок се појавија во британските документи во 1632 година. Првично, основата на Панчот беше ракија или вино, но во 1655 година тоа се смени
Панч во превод значи „пет“ затоа што неговиот оригинален рецепт се состоеше од пет состојки – алкохол, шеќер, лимон, вода и чај (или зачини). Тој пристигна во Велика Британија од Индија, а потоа неговото пиење се прошири низ цела Европа и Светот.
Првите записи за овој ароматичен пијалок се појавија во британските документи во 1632 година. Првично, основата на Панчот беше ракија или вино, но во 1655 година ова се смени, главната улога му беше дадена на румот од Јамајка.
Денес има безброј рецепти, од алкохолни до безалкохолни, а еве еден што може да се нарече донекаде класичен:
Состојки:
0,5л црно вино
2дл црн чај
1 стапче цимет
1 ванилин шеќер
200гр кафеав шеќер
5 каранфилчиња
1 портокал
2дл вода
Мед по желба
2цл рум
Подготовка:
Направете 2 дцл црн чај (не го оставајте натопен во топла вода повеќе од 2 минути). Ставете вино, рум и вода да се загреат и додадете цимет, ванилин шеќер, парчиња портокал и каранфилче. Кога е добро загреано, додадете го црниот чај внатре. Процедете и додадете мед по желба.