Некои земји ПЛАЌААТ за да ги посетите: Покриваат половина од АВИОНСКИОТ БИЛЕТ и секоја трета вечер во хотел е БЕСПЛАТНА

3 ноември, 2020
65a2f5b0f6ce82553611fa7af7f2779eeaa83d60

Во моментов, патувањата никогаш не биле поевтини, а покрај достапното сместување, многу земји донеле стимулации за привлекување туристи.

Исто како што Египет ги укина визите за влез (кои чинат 25 американски долари) за српските граѓани кои патуваат во оваа земја преку агенции и слетуваат со авион на аеродромот во Хургада или Шарм ел Шеик, така и другите земји донесоа бројни олеснувања за привлекување странски туристи.

Од декември, Малдивите ќе ги наградуваат туристите кои ја посетуваат оваа земја и остануваат што е можно подолго. Имено, програмата на граничните милји на Малдивите и „патните милји“ собрани од туристите ќе можат да се користат за ексклузивни вечери и спа програми за време на нивниот престој на Малдиви.

„Секоја трета вечер во хотелот бесплатно!“

Хотелиерите во Мексико им нудат на туристите секоја трета вечер бесплатно, а Јапонија плаќа повратен билет, односно половина од авионскиот билет.

По најголемиот светски саем за туризам во Лондон, ќе се знае по кој пат ќе се движи туризмот и кои мерки ќе ги преземат земјите со цел да се опорави оваа економска гранка. Засега најинтересните вести пристигнаа од најголемиот светски тур-оператор ТУИ. Оваа агенција ќе започне со продажба на аранжмани за 2022 година на 5 ноември. Постојат 62 дестинации ширум Светот!

Најголем интерес кај туристите привлече најавата на локалните власти на Сицилија дека ќе им плаќаат на туристите секоја трета вечер во хотел, но тоа важи само за италијанските граѓани.

escort - Korsan taksi