Неколку лаги кои редовно ги изговараат дури и најсреќните парови

popara29 мај, 20201min00
Capture

Лагите, понекогаш, се неопходни за среќа, но…

Довербата е сепак една од најважните работи кога станува збор за цврста, здрава и среќна врска. Иако не треба да го лажете партнерот, особено кога се работи за важни нешта, некои мали бели лаги, би можеле да го подобрат вашиот однос и да донесат мир во куќа.”

Еве неколку такви лаги, кои паровите редовно ги изговараат:

  • Изгледаш прекрасно!

Да кажеме дека се подготвувате за излегување и вашиот партнер/ка ве прашува како изгледа. Факт е дека ви го поставува тоа прашање, затоа што му/и значи вашето мислење и апсолутно е подобро да го/ја охрабрите со некој убав збор.

  • Потполно си во право

Кога сте во сред расправија, а особено кога се работи за нешто тотално бесмислено, во секунда можете да ја смирите ситуацијата, така што ќе му/и кажете дека е “потполно во право.” Така ќе сфати дека целта не ви е да го/ја напаѓате, па ќе се намали тензијата помеѓу вас.

  • Добро сум

Не треба да ги криете вашите чуства од партнерот, но сите ќе се согласиме дека постојат денови кога ни самите не знаеме што чуствуваме. Во тие ситуации е подобро да кажете едно “добро сум”, макар додека не дознаете и самите како навистина се чуствувате.

  • Имаш најубави усни/очи/насмевка на цел свет

Повеќето луѓе се навистина многу самокритични, па затоа комплиментот од саканата личност е секогаш добредојден. Особено ако знаете дека вашиот партнер е особено незадоволен/на од одреден дел од телото, како на пример усните, забите…понекогаш кажете му/и дека баш тоа најмногу ви се допаѓа.

  • Ти благодарам, навистина ми се допаѓа подарокот

Партнерот се одлучил да ве израдува, но одбрал нешто што вие никогаш не би го купиле. Не е важно, заблагодарете се и кажете му/и дека ви се допаѓа. И онака подарокот не е толку важен, колку што се важни желбата и вниманието.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma