Нема да му одолее ниту најсилниот КАРАКТЕР!Сникерс колач кој се подготвува за само 15 минути!

25 август, 2020
Snikers-kolač

Подгответе кора за розен торта

Како да  им одолееме на слатките?

Искрено се восхитуваме на оние што успеваат.

Потребен е навистина силен карактер за тоа.

Или тие едноставно не наидоа на доволно привлечна торта можеби.

Далеку од тоа да сакаме да убедуваме некого кон нешто, но секоја чест на оној кој успева да ѝ одолее на сникерс тортата .

Верувале или не, се прави со кори од розен торта.

Состојки :

300гр мелени бисквити

150гр печени кикирики (без сол)

100гр путер или маргарин

50гр чоколадо

150гр шеќер

200гр кикирики путер

300мк млеко

4 розен кори

Глазура:

100гр чоколадо

50гр маргарин

Подготовка:

Растопете ги сите состојки во млекото, прелијте преку бисквитите, а потоа додадете половина од мелените кикиритки, промешајте и оставете неколку минути да се олади малку. Премачкајте ги корите и редете слој по слој. Лесно притиснете ја тортата, отстранете го вишокот фил и оставете ја во фрижидер околу еден час. Потоа, прелијте ја со растопено чоколадо, посипете со кикиритки и оставете да отстои преку ноќ во фрижидер.