Англиската пејачка, по потекло од Косово и Метохија, продолжува да привлекува внимание со нејзините неочекувани изјави.
Пејачката Дуа Липа, која неодамна предизвика голем скандал објавувајќи фотографија од мапа на имагинарната Голема Албанија, која се шири низ териториите на Србија, Македонија, Црна Гора и Грција, продолжува да шокира.
По оваа контроверзна фотографија, таа го нарече ајварот албаско јадење, исто како и суџукот, а сега е пронајдено видео направено во април годинава во кое беше гостин на шоуто „Table Manners“ и зборуваше за албанската храна што го и го одбележала нејзиното детство.
-“Мајка ми секогаш подготвува традиционални јадења, како што е питата. Тоа е храна со спанаќ, сирење и кора. Многу е вкусно и секогаш ми недостасува кога сум на турнеa. Таа исто така подготвува сарма, која е составена од месо, ориз и зелка.” – рече Липа и додаде дека сака да јаде и бурек.