Необичната љубовна приказна на Барбара Стрејсенд

popara9 април, 20201min00
Naslovna

Барбара Стрејсенд и Џејмс Бролин го добиле љубовниот џекпот. Нивната љубов трае 22 години, а вака почнало се.
Барбара долго беше во брак со Елиот Гулд, со кого има син. По разводот, таа немаше желба да влезе во други врски, а камоли бракови. Додека Џејмс Бролин во тоа време имал два неуспешни брака и три деца.

Вечерата променила се. Тоа било 1 јули 1996 година, кога Барбара и Бролин дошле на состанокот закажан на „слепо“. Стрејсенд објаснила дека очекува маж со брада, со запоставен изглед и дошол ишишан и избричен Бролин. Таа го прашала: „Кој ти ја зеде косата?“ И подоцна, Бролин признал дека  ова е моментот кога се за вљубил во неа.


Брак за цел живот. Церемонијата беше прилично скромна за Холивуд, но навистина многу убава. Со само 105 најблиски гости, свадбата беше навистина емотивна. Најнезаборавниот момент беше кога Барбара испеа две нови љубовни песни за Бролин. Тој даде трогателен говор велејќи: „Спиењето е губење време. Не можам да дочекам да ја видам повторно наутро“.

Сега Барбара има 77 години, а Бролин е 79, и обајцата се навистина среќни и задоволни што нивниот брак траеше толку долго. Барбара во еден момент рече дека нивните 20 години во Холивуд сметаат дека се 50 години заедничко живеење во Чикаго.
И двајцата имаат совети за силна и здрава врска. Како прво, тие секогаш наоѓаат време да поминат едни со други. И двајцата имаат густ распоред, многу заложби, но сè е прифатливо ако на крајот на денот одат во ист кревет.  

 Двојката редовно оди на семејна и брачна терапија, а Бролин призна дека Барбара ја одржува нивната романса пречекувајќи го дома, со многу љубов.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma