Денеска на радио станиците низ Македонија премиерно ќе биде пуштена „Божиќна песна“, која досега не е објавена, а е во изведба на покојниот Влатко Илиевски и детскиот хор „Златно славејче“.
Се работи за стара детска песна, чија музика и аранжман се на Кире Костов, текстот на Љупчо Јакимовски, а новата верзија е снимена во студиото „Торус“ на Александар Митевски.
Нашата музичка ѕвезда, која нѐ напушти пред две години, остави многу хитови зад себе, но и нови песни, кои, за жал, не стигна да им ги претстави на своите многубројни обожаватели во земјата и надвор од неа.
Хитовите на Илиевски може да се слушнат и на неговиот Јутјуб канал, а во подготовка е и монографија за него. Во план е и организирање концерти „Пријателите за Влатко“, но поради пандемијата на коронавирусот, тие ќе почекаат подобри денови.