Убиството на Џорџ Флојд во Америка активира многу спортисти ширум светот симболично да го изкажат својот став и да ја осудат претераната употреба на сила од страна на полицијата.
Еден од тие многубројни спортисти кои својата подршка ја изразија со црна фотограција на своите профили на социјалните мрежи во вторникот е и Новак Џоковиќ.
Поради ваквата реакција на најдобриот тенисер на светот и српски амбасадор во светот тој се нашол на удар на Горан Давидовиќ, познат како Фирер, лидер на неонацистичката Национална машина.
Док траје Кристална ноћ у Америци, има Срба који то подржавају. Да и то уђе у записник…И да се не заборави… pic.twitter.com/MzJMWO6fKT
— Горан Давидовић (@GoranDvd) June 3, 2020
- Додека трае Кристалната ноќ во Америка, има Срби кои тоа го подржуваат. Да се запомне ова…. и да не се заборави – напишал Давидовиќ.
Кристалната ноќ е голем погром кој се случил низ Германија ноќта на 9ти ноември 1938 година. Погромот бил насочен против еврејските граѓани ширум земјата и за многу набљудувачи, претставува прв предзнак за она што денес го нарекуваме Холокауст.