Телевизиско шоу од 2018 година ја предвидел пандемијата уште во 2018 година.
Имено, во десеттата епизода од кореанската серија My Secret Terrius, која била прикажана пред две години се спомнува смртоносна болест која е многу слична со Ковид -19.
Во сцени од епизодата, можеме да видиме докторка кој вели : “Коронавирусот го напаѓа респираторниот систем,” додавајќи: “Пострашно е што коронавирусот има период на инкубација од 14 дена.”
Потоа додава: “Вирусот е направен така што директно ги напаѓа белите дробови само неколку минути по заразувањето.”, а потоа вели дека во моментов не постои ниту лек, ниту вакцина против болеста.
Во друга сцена се прикажува како им се даваат инструкции на дечиња за правилно миење на раце за да се заштитат од ширење на вирусот.
За разлика од реалниот живот, вирусот во серијата е направен да биде опасен и смртоносен.
Во меѓувреме, филмот Cоntagion од 2011 година, е моментално најгледаниот филм.