Неволји во рајот? Хајли Бибер на луксузната јахта во Италија наместо со познатиот сопруг, ужива со Бела Хадид (ФОТО)

24 јуни, 20200
Annotation 2020-06-24 192902

Откако јавноста ја шокираше јавното излегување на девојката под лажното име Даниела, која на Твитер напиша дека уште во 2014 година во хотел во Остин, Џастин Бибер сексуално за злоставувал , тој тоа го негираше.

Но се чини дека сепак тоа му донесе проблеми во бракот со Хајли Бибер, која “побегна” од се на Сардинија со нејзината пријателка на луксузната јахта.

Објавата на анонимната девојка е лесно отстранета, како и нејзиниот профил на Твитер, таа сепак успеа да нанесе голема штета на Канадската поп сензација Џастин Бибер, кој сега мораше јавно да се оправда и да демантира дека не ја силувал дотичната девојка.

Пејачот за тешките обвинувања напиша дека се лажни, но се чини дека целата ситуација и тоа како и засмета на неговата убава сопруга Хајли Бибер.

Наместо да биде со својот сопруг, веројатно во најтешките моменти во животот, Хајли “побегна” на другиот крај на светот.

Таа и Бела Хадид пристигнаа со приватен  авион на Сардинија, а потоа двете се качија на луксузната јахта.

Моментално најпознатите манекенки во светот излегоа од авионот спортски облечени-двете во бициклистички шорцеви и маици со долги ракави: Бела имаше исечена бела маица додека Хајли избра црна спортска маица, носејќи заштитни маски на лицето, како и ракавици на рацете.

Откако стигнаа на јахтата се соблекоа во бикини и ги покажаа своите совршени тела во минијатурните креации. Бела Хадид ги покажа стомачните во розево жолто бикини во популарниот tie dye принт, додека Хајли се одлучи за танга со животински принт

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *