Убавата актерка која ја памтиме по улогата во серијата “Трачарки” води повлечен и фамилијарен живот и со месеци успешно ја криела бременоста од своите фанови
Ѕвездата од серијата “Трачарки”, Лејтон Мистер (33) и нејзиниот сопруг Адам Броди (35), повторно ќе станат родители.
Убавата актерка е фотографирана во Лос Анџелес додека се шетала со својот сопруг и нивната ќерка, а папараците биле изненадени од нејзиниот труднички стомак.
Парот ја доби ќеркичката Арло Деј во август во 2015 година, а Лејтон не се појавила во јавност уште од јануари, па не е ни чудно што волку долго успеала да ја сокрие бременоста.