Првиот роденден на британскиот принц Арчи ќе биде одбележан со објавување на неговата фотографија, што ќе биде една од ретките прилики за кралските обожаватели да видат како изгледа, но не е јасно како ќе се објави сликата кога негови родители, Меган Меркел и принцот Хари не ги користат нивните профили на социјалните медиуми.
Во изјавата за „Сандеј тајмс“, еден портпарол на парот изјави дека јавноста може да очекува да види слика од малиот Арчи.
Според лондонски “Miror”, Арчи не е единствениот меѓу помладите членови на британското кралско семејство што го прослави роденденот во карантин поради корона вирусот, бидејќи петтиот роденден на принцезата Шарлот ќе се слави исто така во интимна атмосфера, во која учествува и кралицата Елизабета Втора.