Нов симптом за корона вирус што се појавува на кожата! Виролозите во светот ќе го прогласат за официјален!!

popara4 август, 20201min00
Web

Научниците создадоа регистар на помалку познати симптоми на болест „КОВИД-19“ со цел да им помогнат на лекарите и пациентите да ги забележат навреме и да ги поврзат со инфекција со корона вирусот.

Болеста КОВИД-19 се манифестира со симптоми како што се треска, течење на носот, останување без здив и кашлица, меѓу другите.

Сепак, постојат помалку познати симптоми кои треба да нè предупредат да побараме лекарска помош.

Истражувачи од општата болница во Масачусетс и Универзитетскиот факултет „Харвард“, во соработка со Американската академија за дерматологија и Меѓународната асоцијација на дерматолози, создадоа меѓународен регистар на сите дерматолошки симптоми поврзани со КОВИД-19.

Написот објавен во медицинско списание ги наведува податоците на 716 пациенти од 31 земја, меѓу кои и 171 лица со радиолошки потврдена дијагноза на КОВИД-19.

Сите лабораториски потврдени пациенти покажаа дека најчеста трага на кожата е молекуларен осип (многу сличен на сипаници) што зафати 22 проценти од пациентите со умерени симптоми, а беше проследено со т.н. „ковидни прсти“ т.е. црвенило или грутки на прстите што чешаат и се појавуваат на прстите на раката и нозете и на петите.

Оваа реакција е забележана кај 18% од пациентите и исто така беше поврзана со благи симптоми на инфекции.

Целта на истражувачите беше да ги регистрираат дерматолошките манифестации на болеста со цел да придонесат за формирање на целокупната слика на инфекцијата и да им помогнат на лекарите и пациентите да ги препознаат сомнителните симптоми навреме и да преземат соодветни мерки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma