Нов тренд на ТикТок ги згрози стоматолозите: Луѓето почнаа да ги чистат забите – со косата!

popara16 октомври, 20201min0
abec8422fb0baac048cc

Многумина започнаа да го практикуваат овој метод затоа што се мрзливи да одат по конецот во одредени ситуации.

Колку што понекогаш може да биде корисно поради рецепти и мали трикови во домаќинството, толку понекогаш социјалната мрежа ТикТок може да предизвика одвратност.

Имено, се појави нов тренд во врска со хигиената. Кога ќе го заборавите забниот конец, а јадете нешто надвор и тоа ви смета меѓу забите, само извадете прамен коса и користете го како замена – советуваат корисниците.

Додека некои од корисниците тврдат дека го користат овој трик кога се мрзливи да одат по конец, а некои со ентузијазам велат дека треба да го пробаат, стоматолозите се згрозија.

Тие предупредуваат дека овој метод може да му наштети на здравјето на забите. “Чистењето со конецот е суштински дел од хигиената на усната шуплина, но треба да го користите и вистинскиот, а не вакви алтернативи. Сите други алатки можат да предизвикаат сериозна штета”, изјави стоматологот Рена Вадија за „ The Sun”.