Нова војна помеѓу Кина и Америка: ќе биде како нуклеарна бомба!

popara18 мај, 20201min00
кина

Нова војна изби помеѓу Америка и Кина заради продажба на американски чипови од кинеската компанија Huawei, а Кина и САД меѓусебно се закануваат со првно економска војна во која можат да бидат уништени едни од најголемите светски компании.

Кина е подготвена да спроведе економска одмазда против САД заради планот на Вашингтон да ја блокира испораката на електронски компоненти од компанијата Huawei. На удар на Кина може да се најдат некои од најголемите американски компании кои зависат од кинескиот пазар, а за некои од нив, остварувањето на кинеските закани може да значи банкрот.

Пекинг ги повикал САД да сопрат со неразумните притисоци врз Huawei по најавата од Вашингтон за новите извозни контроли кои би и оневозможиле на Huawei пристап до технологијата на полупроводници кои се произведуваат во Америка. Така Huawei не би можел да купува чипови не само од американски компании, туку Вашингтон сака да влијае и на други светски компании.

Кинескиот противудар може да значи удар на американските гиганти како Apple, Boing, Cisco…кои остваруваат огромна заработувачка на кинескиот пазар. Како за пример, 14,1 проценти од вкупната заработувачка на Apple во првиот квартал на оваа година доаѓа токму од Кина.

Кога е во прашање Boing, Кина може да ги откаже сите нарачки на авиони од оваа компанија доколку САД ја преминат црвената линија, дури и по цена некои кинески компании да претрпат штета. Но тоа за Boing би значело пропаст, зашто Кина е најголемиот светски купувач на авиони.

Кина смета дека санкциите кои ги воведува админситрацијата на Доналд Трамп ги уништуваат глобалните ланци на производство, снабдување и вредности.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag