Новак го изрази своето мислење! Има одредена цензура околу короната, јас нема да се вакцинирам!

popara20 април, 20201min00
novak

Најдобриот светски тенисер, Новак Џоковиќ, вчера оцени дека постои одреден вид цензура кога станува збор за информации за корона вирусот и истакна дека е клучно да се развие имунитет.

„Постои одредена цензура на медицинските работници кои зборуваат за решенија што не одговараат на официјалната медицина. Посакувам да има поголема дебата, разлика во мислењето. Ние не сме од таа професија, така што не можеме да зборуваме за тоа. Јас би сакал да зборува повеќе за имунитетот “, рече Џоковиќ.

Тој ова го кажа во лајф видео на Фејзбук, во кое прво зборуваше Марко Пантелиќ, кој се излечил од вирусот.

„Постои опасност да се заразиме, колку и да е потребно ќе бидеме во карантин, тоа ќе го испочитуваме, но…“, рече Џоковиќ.

Gepostet von Novak Djokovic am Sonntag, 19. April 2020

„Мислам дека луѓето се исплашени и збунети, а не гледам дека некој зборува за тоа како човек може да го зајакне својот имунитет, да ја намали својата шанса да се зарази. Воведоа карантин за да се намали можноста од проширување на вирусот, но имунитетот е тука да се бориш и со други заболувања “, рече Џоковиќ.

Тој додаде дека тенисерите ќе мора први да патуваат кога сè ќе помине и дека тоа ќе биде предизвик број еден заради паниката што се шири толку многу месеци.

“Мислам дека ова ќе биде длабоко втиснато во потсвеста на една личност, така што луѓето ќе имаат страв да им се приближат на другите. Кога некој ќе кашла, се ќе ни поминува низ глава. Колку работи ќе се променат не знам, но главната пречка за некоја личност ќе биде патувањето. Се зборува за задолжителна вакцинација за 18 месеци … Дали има други решенија или ова е единствено? Има тука милион работи, но мислам дека ова многу ќе влијае на сите спортови”, рече Џоковиќ.

Тој исто така го изрази своето мислење за вакцинацијата.

“Јас сум против вакцина, нема да се вакцинирам. Ако биде задолжително, ќе треба да размислам. Сега стојам зад тоа, но дали ќе се смени тоа, ако од тоа зависи дали ќе патувам. Нема големи шанси тенисот да продолжи во август или септември… Која ќе биде таа вакцина што сеуште ја нема. Официјално, сезоната ќе започне кога сите ќе бидат 100% сигурни дека луѓето можат да бидат безбедни, а тоа ќе потрае. Ќе има регионални турнири, а мислам дека така ќе биде и во тенисот“, рече Џоковиќ.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag