Новак, Рафа и Роџер се цареви: еве зошто!

popara18 април, 20202min00
тенисери

Новак Ѓоковиќ е голем тенисер, но и човек со големо срце, секогаш подготвен да помогне.

Од почетокот на пандемијата најпрво донирал помош на својата татковина, донирал и на други места, како што е болницата во Бергамо, а сега со останатите членови на “Големата тројка”, Рафаел Надал и Роџер Федерер направил план за помош на послабо рангираните тенисери кои се најмногу погодени од суспензијата на сезоната и останале без приходи.
Српскиот ас испратил писмо до сите играчи на АТП турнирот за да ги извести за каква помош се работи и како истата ќе биде собрана и дистрибуирана.

Новинарот Џон Вертхајм од Тенис ТВ ги пренел главните делови од тоа писмо.

“Ова е тоа што го предложивме: најдобрите 100 на светот во поединечна категорија и најдобрите 20 во категорија двојки ќе учествуваат во финансиска поддршка на Фондот на послабо пласираните тенисери. Најдобрите пет на светот ќе донираат 30 000 долари, од 5 до 10 место ќе издвојат 20 000, од 10 до 20 место-15 000 долари, тенисерите рангирани од 20 до 50 место ќе донираат 10 000 долари, додека оние од 50 до 100 место ќе уплатат 5 000 долари во фондот. Најдобрите 20 во двојки ќе донираат 5 000 долари, вкупната сума би требало да биде 1 050 000 долари. Кога на тоа ќе ја додадеме сумата која би требало да ја донира АТП, а потоа и гренд слемовите, ќе биде сума од 4- 4 500 000 долари”, стои во писмото на Ѓоковиќ.

Но, тоа не е се. Се размислувало и многу пошироко, доколку биде можно одигрување на турнирот до крајот на сезоната.

“Роџер, Рафа и јас предложивме 50 проценти од наградниот фонд од завршниот турнир во Лондон (доколку се игра во ноември/декември) да оди во Фондот. Не знаеме дали ќе се одигра турнирот и ако не се одигра, истото ќе треба да се направи со Аустралијан Опен 2021 година. И не само ние тројца, туку сите кои ќе учествуваме  на завршниот турнир во сезоната или Аустралијан Опен би требало да го донираме она што сме го освоиле. Тоа е фер начин сите да учествуваат, јасно порачал Новак Ѓоковиќ”

Минатата недела многу тенисери и тенисерки јавно се пожалиле дека имаат проблем заради суспензија на сезоната, а тоа Ѓоковиќ, Надал и Федерер го сфатиле сериозно и решиле да помогнат.

Секоја Чест!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag