Научниците откриja уште шест нови видови на корона вируси кај лилјаците, а дали тие претставуваат опасност за нас?
Вирусните пандемии нѐ потсетуваат колку здравјето на луѓето е поврзано со здравјето на животинскиот свет и животната средина.
Корона вирусот потекнува од цицачи, најверојатно лилјаци, бидејќи неговата молекуларна структура многу наликува на други вируси кои се наоѓаат кај овие животни, пренесува Nypost.
Истражувачите откриле шест дополнителни корона вируси кај лилјаците.
Студијата беше објавена во списанието Polos One и забележува дека вирусите биле откриени помеѓу 2016 и 2018 година, но се верувало дека немаат никаква врска со Ковид-19, ниту со САРС и МEРС, кои исто така се пренеле од животни на луѓето.
Водачот на студијата и поранешен ветеринар Марк Валитоу рече дека вирусните пандемии нѐ потсетуваат колку здравјето на луѓето е поврзано со здравјето на животинскиот свет и животната средина.
Истражувачите собрале повеќе од 750 фекални примероци од 464 различни лилјаци од 11 различни видови. Откриени се нови вируси кај три вида лилјаци.
Истражувачите објавија дека илјадници корона вируси – од кои многумина се штотоку откриени – се присутни кај лилјаците.
„Многу корона вируси не претставуваат ризик за луѓето, но кога ги идентификуваме овие болести кај животните, имаме драгоцена можност да ја истражиме потенцијалната закана“, додаде коавторот за студијата Сузан Мареј.
Ќе треба да се направат дополнителни студии за да се утврди дали новооткриените орона вируси имаат потенцијал да се пренесат на луѓето.