Видео од американска новинарка стана хит на Твитер откако го отпеа Божиќниот хит на Мараја Кери, „All I want for Christmas“.
Во САД, пребројувањето на гласовите сè уште трае, а многумина едвај ги чекаат вестите. Еден од нив е новинарка од телевизиската станица WNEP Chelsea Strub која пееше додека известуваше за изборите.
„Секој новинар во моментов“, напиша таа покрај снимката на која се слуша нејзиниот препев на позната песна, во која пее дека има само една желба, да слушне некои новости за пребројувањето на гласовите.
Патем, се чини дека исходот од изборите се приближува откако Бајден ја зголеми предноста во Невада.