Состојки:
2 јајца
150гр кристален шеќер
50гр стопен путер
150мл млеко
250 гр брашно
2 лажици какао во прав
1/2 прашок за пециво
екстракт од ванила
Подготовка: Измешајте јајца и шеќер. Додадете стопен путер и млеко и продолжете со мешање. Додадете брашно, какао, прашок за пециво и екстракт од ванила. Комбинирајте и истурете во калапи. Печете на 180 степени околу 15 минути. Украсете со шлаг. Пријатно!