Иако Чешката Република ги олесни некои од забраните воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, носењето маски е сè уште задолжително, а нудистите мора да се придржуваат кон тоа
„Граѓаните можат да бидат без облека на одредени локации, но сепак треба да ги покриваат устите со маски и да се собираат во групи како што е пропишано“, изјави чешката полиција по пријавите од граѓаните дека нудистите се сончаат и се капат без маски во Бохданец, во близина на Пардубице. Полицијата соопшти дека после пријаваите на жителите, забележале одколу 150 нудисти, од кои половина од нив носеле заштитни маски.
„По пристигнувањето на полицијата, сите нудисти се согласија да се придржуваат кон владините мерки кои вклучуваат задолжително носење маски за лице на јавни места“, соопшти полицијата.
Полицијата соопшти дека имаат разбирање за многу граѓани немаат свои градини и сакаат да излезат надвор, но изјавија дека владините мерки мора да се почитуваат за да се укинат ограничувањата што е можно поскоро. „Сепак, тоа нема да се случи сè додека сите целосно не ги почитуваат правилата“, заклучи чешката полиција.
Чешката Република и Словачка се две од ретките земји во светот кои, како Јужна Кореја, им наредија на своите граѓани задолжително да носат маски на јавни места. Во исто време, двете држави не обезбедија доволно маски за сите Чеси и Словаци.
Во Чешка, од појавата на пандемијата се пријавиле 5902 заразени лица, а 129 починале, додека во Словачка имало 742 случаи на заразени и двајца мртви.