Британските научници оваа недела ќе започнат со тестирање на нова вакцина против корона вирусот. Околу 300 здрави луѓе на возраст меѓу 18 и 70 години ќе следат две дози од најновата верзија на лекот против ковид 19 во наредните недели.
Тие се надеваат дека тестирањето, доколку биде успешно, ќе продолжи со уште 6.000 волонтери. Научниците од Империјал колеџ во Лондон смислиле нова вакцина, а британската влада донирала 41 милиони фунти за оваа намена, додека пет милиони пристигнале од други донатори.
Тестирањето ќе продолжи со 6.000 волонтери
Истражувачите во оваа прилика истакнуваат: „Доколку клиничкото испитување е успешно, вакцината не само што ќе го нападне корона вирусот, туку ќе ја искорени болеста сега и во иднина“.
Минатата недела, британската фармацевтска компанија AstraZenik потпиша договор да им обезбеди на европските влади 400 милиони дози вакцини.