Ако Калифорнија е вашата идеална дестинација, покрај неверојатните градови, плажи и славниот Холивуд, би било добра идеја да го посетите националниот парк Јосемити.
Паркот се наоѓа на планините на Сиера Невада и е едно од најпосетуваните места, а исто така е дом на необичен природен феномен наречен огнен водопад „Horsetail“ (Коњски опашка).
Коњски опашка е водопад кој се јавува повремено, кога врне дожд или снегот се топи на Ел Капитан, гранитна карпа висока километар.
Тече од висина од околу 619 метри, и секоја година, околу Денот на Вљубените, сончевите зраци паѓаат на водопадот под таков агол што се одбиваат од гранитот зад водопадот, давајќи и на водата светло црвена боја, создавајќи илузија на оган или течна лава.
Овој природен феномен трае приближно две недели.
Со години беше среќа да се биде на вистинското место во вистинско време, да бидеме сведоци на овој зачудувачки настан.
Минатата година, дури 2.000 луѓе го посетија паркот за еден ден, со цел да се сликаат со огнените водопади. Националната служба за паркови одлучи да го ограничи пристапот оваа година со цел да се заштити животната средина, вклучително и локалната вегетација и реката Мерцед што тече низ паркот.
На нивната веб-страница се наведува дека посетителите оставиле премногу ѓубре минатата година, како и дека недостатокот на јавен тоалет предизвика неповолни санитарни услови.
Во секој случај, ако патот ве однесе до планините Сиера Невада, пробајте си ја среќата! Можеби вие ќе сте сведоци на овој неверојатен, природен феномен.