Ќе барате парче плус, тоа е сигурно!
Состојки:
1 тесто
1/2 чаша несолен путер
1 1/2 чаша шеќер
1 лажица ситно изрендана кора од лимон
5 големи јајца
1/2 чаша свеж сок од лимон (околу 2 лимони)
1 лажица пченкарно брашно
малку сол
1/2 чаша кокосово млеко
1 чаша неутрална павлака
2 лажици шеќер во прав
кокос за украсување
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 190 степени. Ставете го тестото во тркалезната тава за печење , па ставете ја во рерна пет минути за да се испече малку тестото. Во поголем сад измешајте го путерот на собна температура, шеќерот и кората од лимон и измешајте со блендер додека да добиете кремаста текстура. Мешајте околу 3-5 минути. Додадете ги јајцата, сокот од лимон, брашното, солта, 1/4 чаша кокосово млеко и изматете ги повторно додека не се измешаат убаво заедно. Ставете ја смесата над тестото. Покријте со фолија и печете половина час. Потоа извадете ја фолијата и печете уште 15 до 20 минути. Оставете да се излади околу 20 минути. Кога целосно ќе се олади, направете прелив. Изматете ја павлака, шеќерот во прав и кокосовото млеко што остана. Послужете ја питата со лажица прелив во средина. Ако сакате, украсете со малку кокос.