Ова е главен показател дека сте во токсична врска која нема иднина

popara5 април, 20201min00
ljubov

Токсичните врски можат да направат да се чивствувате несреќно, да ја намалат вашата самодоверба, па дури и да ве натераат да се прашувате дали ја заслужувате таа љубов. Најстрашно е што сето ова може да ви се случува без притоа вие навреме да го забележите. На пример, можеби бие постојано ќе сакате да бидете во близина на својот партнер и секогаш да сте спремни да му помогнете, а тој на тоа да ви возврати многу лошо или пак воопшто да не е тука кога најмногу во треба. Ова може лошо да влијае врз вашите чувства и психолошка состојба.

Подолу се неколку совети како навреме да се идентификуваат и да се избегнат овие типови на врски.

Придонес во врската

Дури и во совршената врска, скоро е невозможно партнерите подеднакво да споделуваат меѓусебна грижа и љубов. И тоа е сосема нормално! Природно е во тешки моменти на луѓето да им треба „рамо за плачење“ и некој кој што ќе им даде емоционална и па дури и финансиска поддршка. Исто така е природно да чувствувате потреба целосно да се вложите себеси во обид да им помогнете на своите сакани доколку видите дека на нив им е потребна помош.

Сепак, сето ова станува психолошки тешко кога само едниот партнер дава се од себе во овие моменти, додека пак другиот ја прима онудената помош но не ја дава кога на партнерот му е најмногу потребна. Ако сте несебична и грижлива личност, секогаш ќе сакате да му помогнете на вашиот партнер и можеби нема да забележите дека тој воопшто не обрнува внимание на вас или пак ќе забележите, но нема да сакате да верувате дека тоа е така.

На почеток тој ќе биде благодарен на вашата помош, но понатаму може да започне вашата грижа да ја зема „здраво за готово“.

Да, вашата грижа може да ве повреди

Доколку навистина се грижите за некој и постојано се трудите да му помогнете, во тој процес вложувате многу енергија и труд кои што многу често се емоционално исцрпувачки, поготово доколку сфатите дека не ви е возвратено со истата мера.

Исто така, доколку постојано потребата да помогнете некому ја ставате на примарно место, пред фокусот за вашите лични потреби и воедно немате доволно време за исполнување на своите задачи, тоа може лошо да се одрази на вашата самодоверба, на начинот на кој што се доживувате и вашето здравје.

Можеби ќе ви биде тешко да ја замислите иднината без вашиот токсичен партнер, но треба да бидете цврсти и да имате покрај себе личност која што ќе го заслужува целото ваше внимание.

Како да излезете од токсичната ситуација

Во оваа ситуација најважно и примарно е да забележите дека се наоѓате во токсична врска! Тогаш ќе почнете да се запрашувате кои се причините поради кои што само вие вложувате труд во врската, но не и вашиот партнер. Доколку вашата врска е релативно млада, уште на стартот треба да ги поставите вашите граници. Доколку сте во долгогодишна вркса искрен разговор на таа тема може да ви помогне да го подобрите вашето меѓусебно разбирање, поддршка и меѓусебен однос.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag