Доктор случајно открил лек со кој корона вирусот не може да преживее: Доволно е само една лажичка од овој лек наутро и навечер

popara5 април, 20202min00
korona lek

Доктор Јуре Буриќ упати писмо до Министерството за здравство на Република Хрватска во врска со корона вирусот и наведува како тој мисли дека може да се истера вирусот од телото.

Писмото со наслов „Почитуван господине Министер, зошто не ме послушате” го пренесуваме во целост:

„Почитуван Министер, д-р Берош,

Кружат секакви препораки за испирање на устата со топла вода со сол и јаболков оцет, а вие не сакате да ги следите моите совети да инхалирате најмалку три пати на ден со пареа од топла вода каде ќе ставите една рака морска сол и рака Калуна вулгарис, а тоа и не е толку важно. Иако јас на тоа би додал и 7-8 капки етерично масло од Артемисиа ануа кое јас лично го произведов, што исто така не е толку важно.

Важна е температурата, влажноста и достапноста на респираторниот тракт!

На овој начин ќе ја „исфрлите“ короната и од устата и од носот и од сите дишни патишта, па и од очите!

Никако не можам да ви докажам дека ова е одржлив метод на заштита од корона.

И така луѓето се дома и можат да трошат еден час на ден на инхалации, а цената е нула (освен морската сол).

Јас сум отоларинголог околу четириесет и две години и добр знам што зборувам. Ве молам, послушајте ме“, напиша докторот, заблагодарувајќи се на министерот и на напорите на целиот негов тим, истакнувајќи дека ова беше негова сугестија, бидејќи верува дека овој совет може многу да им помогне на луѓето во борбата.

Дополнителен рецепт:

„На висока температура (над 50 степени) и зголемена влажност на воздухот над 50 проценти, короната не може да преживее. Бидејќи влезот на инфекцијата се: устата, носот и окото – препорачувам три пати во денот од 15 до 20 минути инхалирање со топла вода. Процесот е многу едноставен, а е традиција на нашите баби, кои ги третираа зимските настинки (вируси) со вакви инхалации.

Истурете околу 2 л вода во една тава и истурете една рака морска сол. Кога водата ќе зоврие, поставете ја на масата, земете голема крпа за да ја покриете вашата глава и садот со врелата вода. Бидете внимателни да не се изгорите од топлата пареа на почетокот! Вдишете длабоко низ носот и издишувајте низ устата. По околу десет такви вдишувања, вдишувајте обратно – вдишувајте низ устата и издишувајте низ носот. И така додека водата не се олади. Ова може да трае од 15 до 20 минути.

Поголемиот дел од времето, чувајте ги очите отворени. На овој начин ќе се ослободите од злобната корона, која според мое мислење не може да преживее на толкава температура (околу 60 степени и влажност од скоро 100 проценти) на устата, носот или очите! Ако го правите ова три пати на ден, короната ниту ќе се размножува, ниту ќе се вкорени“.

За имунитет:

„Измелете 1 кг јаболка и продинстајте ја 5-6 минути во тава со малку вода, па оставете ја да се олади. Додадете мелени ореви, бадеми, индиски ореви, фстаци, семките од тиква – 10 гр од секое. Потоа, додадете суви сливи, кајсии, брусница, грозје, сите ситно сецкани – по 10 гр од секое.

Добро измешајте ги со раце и ставете ги во тегли од 200 гр. Оставете ги теглите во замрзнувач освен онаа што ќе ја користите. Таа чувајте ја во фрижидер. Земете 1 лажица наутро и една навечер. Ова е исклучително добро за имунитет. Само добар имунитет значи добро здравје и успешна борба против сите болести, вклучително и вируси! – Вашиот доктор Јуре Буриќ“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag