Додека кожата игра значајна улога во заштитата на телото, таа е исто така и најчувствителниот орган.
Поради оваа причина, грижата за сопствената кожа не е луксуз, туку е неопходна. Треба да го знаете вашиот тип на кожа за да можете да користите одредени производи.
Сè што е потребно е конзистентност, посветеност и трпеливост. Не очекувајте веднаш да видите резултати. Како и секој орган во телото, потребно е време кожата да покаже резултати.
Една од најчестите причини зошто луѓето не обрнуваат дополнително внимание на нивната кожа е тоа што сметаат дека нивните напори нема да донесат промена.
Идентификувајте го типот на кожа.
Од витално значење е да го знаете вашиот тип на кожа бидејќи тоа че придонесе значително подобри ефекти од производите и процедурите што можете да ги користите.
1. Сува кожа
На овој тип на кожа и недостасува масло. Овој вид на кожа е склона кон пукање. Ова не е она што би го нарекле идеална кожа. Кожата на лицето е склона кон сувост и чувство на затегнатост, а некои области на лицето се груби. Важно е да се избегнуваат производи за нега на кожата кои содржат иритирачки состојки, како што се мириси и бои.
2. Мрсна кожа
Оваа кожа има мрсен и сјаен изглед. Жлездите природно произведуваат масло на површината на секоја кожа. Овој тип на кожа обично има големи пори и е склона на пукање, особено акни.
3. Нормална кожа
Нормалната кожа е помеѓу сува и мрсна, без акни и рамномерна по боја. Има малку или нема дамки, а порите се скоро невидливи. Може да ги издржи повеќето иритации. Некои ја нарекуваат нормална кожа „здрава кожа“ и се смета за најпосакувана кожа.
4. Чувствителна кожа
Чувствителната кожа обично претерано реагира на скоро се. Оваа кожа можете да ја раздразните ако претерате со пилинг или не водите сметка за типот на кожа. Еден од типовите на кожа што може брзо да прерасне во чувствителна кожа е сувата кожа. Чувствителната кожа е склона кон кожни заболувања како што се акни или контактн дерматитис. Ако го имате овој вид кожа, не заборавајте да ги избегнувате производите што можат да предизвикаат иритација или воспаление. Ова вклучува алкохол, стрес, па дури и пушење.
5. Комбинирана кожа
Комбинираната кожа е мешавина од различни типови на кожа. Со други зборови, едно лице може да има различни типови на кожа на различни места. Еден дел може да биде сув, додека другиот може да биде мрсен, особено Т-зоната. Ова значи дека ќе ви треба комбинација на производи за да ја одржите кожата здрава и хидрирана.