Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се најде под удар на јавноста и создаде проблем за себе за кој воопшто не му требаше. Само еден непотребен и невнимателен потег беше доволен за да се стави швајцарската јавност на „столбот на срамот“, и се дигна голема бура поради две реченици.
Имено, Федерер се најде под голем број критики во Австралија за неговата порака за поддршка за контроверзниот Алан Џонс, кој е познат по своите расистички активности. Според медиумите во Австралија, Џонс, кој бил домаќин на радио шоу, се пензионирал по 35 години работа, а Федерер му испратил јавно признание.
„Ти посакувам се најдобро во остатокот од животот. Честитки за успешната кариера“, рече Федерер во видео пораката и предизвика хаос во Австралија.
Видеото со спорната порака е отстрането од ЈуТјуб, но претходно беше емитувано на австралиската телевизија Скај, а исто така заврши на социјалните мрежи, каде се споделува гневно од Австралијанците. Џонс пред 15 години ги покани своите истомисленици на улиците во Сиднеј и собра 5000 луѓе, кои ги нападнаа имигрантите и нивните потомци, и поради тоа тој не е омилена личност во Австралија.