Фудбалерите на романската лига може да бидат казнети со 12 натпревари неиграње ако плукнат на теренот откако ќе започне првенството, стои во протоколот кој го подготвил Романскиот Фудбалски Сојуз (РФС).
РФС се надева дека ќе може да го продолжи првенството прекинато во средината на март поради пандемијата на корона вирусот, но за тоа им треба одобрување од владата.
Играчите би можеле да бидат казнети со 6 до 12 натпревари неиграње или парична казна поради плукање на теренот или издувување на носот, се наведува во документот. Исто така по завршувањето на натпреварот играчите дресовите треба да си ги носат дома.
Растојанието за време на загревањето мора да биде минимум 2 метра, а првите 11- мина и замените нема да седат заедно пред натпреварот.