Оваа неверојатно здрава билка ќе направи чудо за вашата кожа.
Ако имате проблематична кожа, сончеви дамки и лузни, магдонос е билката што ви треба. Магдоносот има состојки кои имаат многу добар ефект на отстранување и омекнување на сончевите и темни дамки создадени од акни, како и оние кои се појавуваат под очите.
Магдоносот делува на избелување на споменатите хиперпигментации и враќање на природниот тон на кожата.
Најефикасно ќе биде ако направите маска за лице, која ќе ја користите два до три пати неделно неколку недели во континуитет.
Магдоносот е многу богат со витамин Ц, кој ќе и даде на вашата кожа дополнителна еластичност, отпорност и сјај.
Потребни состојки
Лисја од магдонос
Две лажици јогурт
Лажичка мед
Подготовка и употреба
Вметнете ги состојките во блендер и измешајте додека не имате компактна смеса. Нанесете ја маската на целото лице и држете ја 10 до 15 минути, а потоа исплакнете со млака вода и добро исушете ја кожата.