Ова се државите што имаат најбрза 5G мрежа: Саудиска Арабија е на прво место, а еве што им се случи после тоа!

4 септември, 2020
5г

За нешто повеќе од година и пол, 5G мрежата се спроведува низ целата планета. Инфраструктурата не е лесна за градење, а пандемијата на корона вирусот ја отежнува работата уште повеќе. И покрај тоа, некои успеаја да ја развијат новата технологија на високо ниво, така што ќе разгледаме кој има најголема брзина на преземање на податоци преку мрежата 5G.

5. Канада

Развојот на мрежата 5G во Канада нема особено долга историја. Само пред неколку месеци, оваа земја започна со имплементација, но тие покажаа дека не е важно колку е направено, туку дали е направено квалитетно.

4. Кина (територија на Тајван)

Како и Канада, Тајван не разви 5G мрежа долго време. Неколку од најголемите градови во Тајван имаат развиено инфраструктура 5G, а само една марка е задолжена за технологијата таму – Ериксон.

Во однос на брзината на преземање на податоци, таа е на четвртото место со резултат 210,2 Mbps.

3. Австралија

Иако оваа земја започна да гради 5G инфраструктура во 2019 година, всушност се опфатени само десетина градови. Тука, се разбира, мислиме на најголемите градови – Мелбурн, Бризбејн, Сиднеј итн.

Австралија заработи бронзен медал и трето место на оваа листа благодарение на просечната брзина на преземање од 215,7 Mbps.

2. Јужна Кореја

Ова беше првата земја во светот што официјално лансираше комерцијална 5G мрежа, на 3 април 2019 година. Во моментов, помалку од една петтина од градовите во Јужна Кореја не се опфатени со мрежата 5G, а самата земја има повеќе од 7 милиони корисници на новата технологија.

Јужна Кореја го држи сувереното второ место поради брзината на преземање на податоците од 312,7 Mbps.

1. Саудиска Арабија

Во јуни 2019 година, STC Group официјално објави почеток на комерцијални 5G услуги во Саудиска Арабија, истовремено станувајќи, се разбира, првиот оператор кој обезбеди ваков вид услуги во некоја западноазиска земја.

Со оглед на тоа како се рангира на оваа листа, сосема е јасно дека Саудиска Арабија има најголема просечна брзина на преземање на податоци преку мрежата 5G во светот – неверојатни 414,2 Mbps.

escort - Korsan taksi