Депресијата е сериозна состојба која предизвикува долготрајно чувство на тага, анксиозност, безвредност. Таа може да биде предизвикана од многу работи. Според астролозите, депресијата може да биде поврзана и со хороскопскиот знак. Еве за кои знаци се смета дека се најдепресивни:
Риби
Рибите имаат најголеми шанси да страдаат од депресија. Припадниците на овој знак се добри луѓе, но честопати се жртвуваат за другите, премногу се зависни од луѓето и некогаш губат контакт со реалноста. Бидејќи гледаат со розеви очила, знаат често да се разочараат. Кога Рибите се депресивни, тоа е најчесто зашто не можат да го контролираат животот онака како што замислиле. За да излезат од депресија треба да престанат да се жртвуваат и да не се обидуваат да ги задоволат сите околу себе.
Рак
Луѓето родени во овој знак се осетливи, грижливи и сочувствителни. Но често мислат дека никој не се грижи за нив. Тие сакаат да почувствуваат дека некој ги сака, потребно им е признание за тоа. Нивната депресија често е резултат на преголема замешаност во туѓите животи, иако не можат да ја контролираат сопствената тага. Лекот за нив е да бидат опкружени со семејството кое ги разбира и поддржува.
Шкорпија
Шкорпиите чувствуваат длабоки и интензивни емоции и затоа се подложни на депресија. Доколку нешто не е во ред во љубовната врска, веднаш стануваат анксиозни и депресивни. Најголемите причини за депресија кај нив се осаменоста, загубата и разделбата. За да излезат од депресија треба да научат да ја контролираат тагата.
Јарец
јарците се склони кон депресија поради повеќе причини. По природа имаат потажно расположение, па депресијата не е ништо ново за нив. Мораат да научат повеќе да веруваат во себе и во другите.
Близнаци
Близнаците се сметаат за комплицирани луѓе бидејќи се емотивни. Интелигентни се и динамични а запаѓаат во депресија ако влезат во монотонија или ако се во ситуација каде што не можат да си ги кажат слободно своите размислувања. Кога патат, сакаат да патат во друштво.