Без разлика дали станува збор за дрога, кражба, провална кражба, напад, па дури и убиство, светските sвезди не се нови во затворите. Според анкетата на „ New York Post “, апсолутен носител на рекордот е актерот Мартин Шин (79).
Тој е на првото место со дури 66 апсења за граѓанска непослушност и протест.
Шин едноставно не може да издржи кога станува збор за антивоени и анти-нуклеарни протести, така што во 2007 година тој беше уапсен за провална кражба на местото за национална безбедност во Невада.
Меѓу уапсените актери, се наведени Мел Гибсон, Шиа ЛаБоуф, Вуди Харелсон, Марк Валберг, Макаула Кулкин, и скоро за секој втор за кои може да помислите.
Пејачот Пит Доерти се најде на второто место со 26 апсења. Повеќето од неговите злосторства вклучувале дрога, сообраќајни престапи и грабежи.
На списокот се гледа дека Кортни Лав и Линдзи Лохан се меѓу женските sвезди по број на апсења. Секоја има десет апсења и додека Лохан претежно имала проблеми со нарушувања во сообраќајот и возење додека била под влијание, Кортни Лав имала престапи поврзани со наркотици.
Музичарите се најпроблематичната група на славни. Раперот ДМХ се најде на третото место со 24 апсења, вклучувајќи казни за грабеж и даночна измама. Ко-основачот на Death Row Records, Суџ Најт се најде на четвртото место со петнаесет апсења. Причините за апсењето се обвинение за убиство без предумисла која проследила со бегство од местото на сообраќајна несреќа.
Освен граѓанската непослушност, sвездите се склони кон напади. Раперот A$AP Rocky има повеќекратни тужби за напад, а неодамна беше вмешан во долга правна битка околу инцидентот во Шведска. Борецот на УФЦ, Конор Мек Грегор, беше уапсен пред две години за напад во автобус во кој учествуваше неговиот противник, Хабиб Нурмагомедов. Темпераментниот Ирец беше обвинет и минатата година за напад на еден маж во бар во Даблин.
Освен за напади, најчестите кривични дела на славните се за поседување на марихуана и кокаин.