Оваа ПОСЛЕДИЦА ОД КОРОНАТА МОЖЕ ДА ТРАЕ СО ДЕЦЕНИИ: Дали излекуваните од корона некогаш ќе се опорават?

popara17 август, 20201min00
Annotation 2020-08-16 232624

Водечките медицински експерти се загрижени

Мијалгичниот енцефалитис е бочест која е позната и како хроничен умор, невроимуна состојба со симптоми кои вклучуваат долготраен замор, болки во мускулите, главоболка, летаргија, недостаток на енергија, несоница и апатија.

Тоа се само некои од симптомите на оваа болест која може да трае со децецении. Хроничниот замор често се јавува после некој облик на вирусна инфекција, на пример, кај Епштајн-Баровиот  вирус, кој е причинител на инфективната мононуклеоза.

Новиот корона вирус е само уште еден вирус кој потенцијално може да ја поттикне оваа состојба. Водечките медицински експерти се загрижени дека хроничниот замор може да се јавува почесто кај луѓето кои прележале ковид 19.

– Дури и откога ќе се исфрли вирусот , се јавуваат пост – вирусни симптоми. Знам, бидејќи многу луѓе ме контактираат и известуваат за текот на своето опоравување – рече др Ентони Фаучи, директор на Националната агенција Институт за алергии и заразни болести во интервју за Medskape и додаде :

– Многу луѓе се јавуваат со пост-вирусни синдром кој е многу сличен на мијалгичниот енцефаломијелитис – синдром на хроничен замор.

Многу остануваат болни повеќе од шест месеци, а многумина кои прележале ковид 19  не се опоравуваат целосно- пишува CNN.

Кај 35 посто од луѓето кај кои е дијагностициран ковид-19 не се вратиле во нормала две до три недели откога биле позитивни на коронавирусот, покажал извештајот на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) од 24 јули.

Од 292 лица кои ги истражувал CDC на основа на опоравувањето по “ослободувањето” од корона вирусот, 35 посто пријавиле замор.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag