Иако сезоната за капење сè уште не е официјално отворена, повеќето туристички дестинации најавија старт во периодот што следи, а грчките угостители најавија официјален старт на новата летна туристичка сезона од денес. Ова лето дефинитивно ќе биде многу поразлично од претходните, земајќи ги предвид новите правила за летување.
Сепак, за некои правилата и грижите за ова лето не важат. Особено за оние кои можат да уживаат во сончањето и капењето без проблем и далеку од сите правила.
Српската пејачка Сека Алексиќ го искористи убавото и топло време викендов па се соблече во костим за капење и го “окупираше” базенот во својот дом.
Според фотографиите кои ги сподели на Инстаграм, се гледа дека таа ужива во сонцето и во сопствените правила.
А како изгледа нејзиното посткарантинско тело, погледнете сами. Кој си има можности, ќе си ужива на безбедно!