Воопшто не се наивни и точно знаат што сакаат!
Верувале или не, земјоделците имаат најмногу акции во спалната соба, покажаа резултатите од неодамнешното истражување на британската компанија за секс играчки „Лело“.
Дури 33 проценти од земјоделците имаат сексуални односи барем еднаш дневно! Од тој број, повеќе од половина го опишуваат своето искуство како „неверојатно“.
Една од најчестите причини зошто земјоделците имаат најмногу секс лежи во тоа што живеат далеку од градот и дефинитивно се повеќе физички активни од оние што работат во канцеларии.
По земјоделците, најмногу секс имаат архитектите, а фризерите се на третото место на списокот.
Од друга страна, новинарите имаат секс кога ќе стигнат и кога ќе се сетат, така што само 1/5 од нив имаат само еднаш месечно.
Адвокатите исто така имаат проблеми во спалната соба, така што само 27 проценти од нив доживуваат оргазам секој пат кога имаат секс.
– Главниот фактор е начинот на живот кој го диктира нашата професија, без разлика дали ја носиме дома или не. Тоа неизбежно влијае на квалитетот на нашиот сексуален живот.- вели Кејт Моир, авторка на студијата.