Толку весели, живи нијанси се наоѓаат во шминките, а следните на ред се, секако, рацете односно ноктите. Како и да е, тие и онака се во фокус последните неколку години. Без разлика дали сами ќе го направите маникирот дома или во салон, дефинитивно треба да ги пробате разнобојните варијации.
Ако правењето на апстрактните колорблок нокти ви се чини дека е премногу комплицирано, разгледајте подетално и ќе видите дека за некои од овие маникири, доволен ви е само лак за нокти (или повеќе бои) и чепкалка за заби или метална игла. Токму овие варијанти се направени врз основа на безбоен лак и изгледаат особено свежи – светлосни години далеку од дречавите акумулирани слоеви на акрилат.
Откако ќе направите вакви ќе ви биде јасно во секунда зошто. Ние ви носиме инспирации за вашиот следен маникир.