Овие знаци откриваат дека имате породилни болки, иако не сте свесни за тоа

popara14 август, 20202min00
трудна 3

Звучи неверојатно, но има жени кои воопшто не ги чувствуваат породилните болки. Ова се симптоми за породилни болки за кои може и да не сте свесни дека започнале.

1. Болки во долниот дел од телото

Болки во грбот често се ран знак на породилни болки. Тие можат да почнат како тапа болка која станува се понезгодна и поболна.

2. Чести посети во тоалет

Ако имате чувство дека едвај стигнувате до тоалетот, а одите многу често, може да биде знак дека имате породилни болки. Засилената потреба за мокрење се јавува заради притисокот на главата на бебето во пелвисот и подготовките за породување.

3. Желба за чистење

Ако се разбудите и имате силна желба да направите генерално чистење на домот, можеби е вистинско време да се упатите кон родилиштето. Станува збор за појава која се нарекува”гнездење”. Жената пред породувањето чувствува потреба да го исчисти просторот во кој треба да дојде бебето.

4. Тежина во областа на пелвисот

Во текот на породилните болки кај некои жени ќе се појави отечена вулва, додека кај други на вулвата и областа од ректумот ќе се појави варикозна вена. Тоа се јавува заради растот на тежината на бебето и зголемината количина на течности, како и влијанието на хормоните и зголемен волумен на крвта.

5. Чувство на олеснување

Додека на некои жени им е тешко, на други им олеснува во моментот кога бебето ќе се спушти.

6. Чувство на исчекување

Многу жени тврдат дека претчувствуваат дека ќе се породат. Затоа избегнуваат излегување од дома. Седењето во сопствениот дом дава чувство на сигурност.

7. Цервикална болка

Иако е тешко да се опише точното чувство, може да се спореди со земање на брис за папа тест. Заради ширење и омекнување на цервиксот кој се подготвува за раѓање, може да чувствувате неудобност во тој дел.

8. Зачестени Braxton Hicks контракции

Познати се како лажни породилни болки, но Braxton Hicks контракциите можат да ги најават вистинските. Доколку приметите дека контракциите стануваат поредовни, или одвоеноста меѓу нив е изедначен, можеби е време за породување.

9. Често будење

Иако можеби нема физички симптоми за тоа дека бебето доаѓа, телото се подготвува за породување. Затоа можеби сте малку поосетливи.

10. Слузен чеп

Пред почеток на породилните болки можеби ќе забележите слуз на гаќите. Станува збор за слузниот (мукозен) чеп кој се наоѓа во цервиксот и задачата му е да го штити бебето од инфекции. Како се шири цервиксот, тој паѓа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma