Нозете честопати се во опасност, затоа што имаат сериозна задача да го носат целото тело. Во нозете има нервни рецептори кои водат кон внатрешни органи во организмот. Со затоплување на стапалата, можеме да го зајакнеме здравјето и да го подобриме имунитетот.
Лекарите од традиционалната ориентална медицина веруваат дека купките за нозете можат да го загреат и опуштат целото тело и да помогнат во елиминирањето на повеќето проблеми кај жените. Тие можат да помогнат во борбата против неплодност, сексуална дисфункција, проблеми со менопауза, нередовна менструација и болка за време на менструацијата.
Направете купка за стапалата така што ќе ставите врела вода во длабок сад (38 до 42 Целзиусови степени). Ставете чаша топла вода до садот, така што постепено ќе ја додавате во садот додека постојната вода се лади. Загревајте ги нозете 20 до 30 минути секоја вечер.
За да се ослободите од настинки или грип, додајте лажица мелен ѓумбир на оваа вода.
За да го исчистите телото и да го нормализирате шеќерот во крвта, додајте лажица сол и сода бикарбона на оваа вода.
Кога ќе ги извадите нозете од врелата вода, завиткајте ги во пешкир или облечете топли чорапи уште 40 минути, така што целата топлина рамномерно ќе се „распространи“ низ целото телото.