Старите гејмерите веројатно се сеќаваат на првата средба со необична француска игра која најпрво излезе далечната 1991 година, а потоа ги воодушеви сопствениците на Амига и Атари.
Тоа беше невообичаена платформска игра наречена Another World, во која сте ставени во улога на научник, кој по неуспешниот експеримент завршува на друга планета каде е принуден да се бори за сопствениот живот.
Ова ремек дело на Ерик Чахи ги воодушеви критичарите и оствари голем комерцијален успех, а исто така послужи и како инспирација за генерациите на претстојните развивачи кои го продолжија по патот кој одел Чахи. Ерик со текот на годините направи голем број добри игри, но тој никогаш не го повтори успехот што го постигна со Another World.
По 9 години пауза, Чахи се врати оваа година со Paper Beast, VR наслов што го создаде со тимот на Pixel Rife, и додека ова не е наслов што ќе собере многу фанови, дефинитивно е духовниот наследник на играта што го направи него познат.
Уште еднаш сте вовлечени во друг свет, и овој пат тоа е кралство на животни направени од хартија и авантура која е целосно непозната за светот, ве збунува и воодушевува на секој чекор.
Пред вас е виртуелна четиричасовна прошетка низ импресивна пустина полна со суштества кои никогаш не сте ги виделе, но ова не е уште едно PSVR возење по импресивни пејзажи каде што немате ништо друго освен целосна игра која постојано ве турка напред и ви кажува да ги решите огромен број загатки што се пред вас . Оваа игра е друга димензија.
Во исто време, насловот е „уметнички“ и тоа е една од причините поради која нема да привлече премногу играчи, но оние кои ќе му дадат шанса веројатно ќе уживаат во секоја секунда.
Најголемата замерка до сега за оваа игра е тоа што не може да започнете од ново. Откако ќе завршите, нема да може повторно да ја играте.
Сè на сè, ова е многу убава игра, а дали вие би ја пробале. PlayStation љубители дали сте подготвени?