„Треба одобрување“, напишала Лили Ален со фотографија од која е целосно гола.
Британската пејачка Лили Ален претходно се пошегува дека е на мисија да и забранат да користи Инстаграм, но најновата фотографија ги предизвикува сите.
Таа во понеделникот ги зачини своите 1,2 милиони следбеници на Инстаграм објавувајќи фотографија на која се прикажува целосно гола во бањата. „Треба одобрување“, напиша таа со фотографијата. Таа ги покриваше стратешките делови само со рацете, и се сликаше со својот мобилен телефон. Пејачката минатата година објави топлес фотографија, а сите забележаа дека има дијамантски прстен на раката.
Ален во моментов е во врска со Дејвид Харбор, со кого се крие во изолација од коронавирусот во неговиот дом во Лондон. Медиумите шпекулираат дека пејачката и американскиот актер се вериле минатиот ноември. Врската беше објавена во септември, а Лили се разведе од поранешниот сопруг Сем Сопер во 2015 година по четири години брак.