Пет правила како да носите неон бои, а да не изгледате смешно

popara29 мај, 20201min00
7602a9e8db89c5bceefaa6ef07234fb32af5b5ae

Летото со себе носи и убаво време и расположение. Во тренд се шарените работи, веселите бои но и флуоросцентните. Неон боите секогаш ќе бидат во мода, но ние ви откривате 5 правила како да ги комбинирате.

Не претерувајте

Немојте да се плашите да носите флуоросцентни бои во комбинација со дрруги бои, но немојте да претерувате бидејќи неон бојата ќе биде доволна да го привлечете вниманието и да оставите впечаток.

Модни додатоци

Модните додатоци истотака се одлична помош во секојдневните комбинации кои може да ги користите со неон боите, а при тоа да не изгледате пренаппадно. Тие се најбрз и наједноставен начин да експериментирате со трендовите.

Пазете на тенот на кожата и бојата на косата

Изберете ја неон нијансата која најмногу ви се допаѓа и која најмногу ви одговара на вашиот тен и боја на коста. На пример ако лицето ви е побледо тогаш жолтата или помаранџестата боја нема да изгледаат добро на вас. Наместо нив одберете посветли бои како розева или сина. Неонско сината изгледа особено ддобро ако имате сини очи, а жолтата и помаранџестата одлично одговараат на темната коса и ја истакннуваат.

Каде ќе ги носите

Овие бои не треба да ги носите во канцеларија, на интервју или на било какви деловни активности. Но сепак не се двоумите да носите неон комбинации во неформални прилики. За било каков друг настан кој бара висока мода, неон боите може да го истакнат вашиот стил. За плажа не не зборуваме бидејќи таму се се носи.

Црно бела комбинација

Нема да погрешите акко искомбинирате неон бои со црно бела комбинација. Таа секогаш е модерна без разлика дали е во линии или со туфни. Пробајте црно бел горен дел со линии со неон жолта боја или црно бел фустан со неон торба и чевли во иста боја.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag