Руски пилот од пилотската кабина на МиГ-31 сними средба со американски ловец Ф-16 во меѓународниот воздушен простор. Тој го поздрави својот американски колега со пријателски поздрав.
МиГ-31 беше придружуван од стратешкиот ракетен носач Ту-95МС, кога за време на летот се приклучи Ф-16 во меѓународниот воздушен простор. Како што е снимено во видеото, МиГ се приближил кон другиот воздухопловен објект, а рускиот пилот пријателски го поздравил својот колега од НАТО – му мафна со рака и покажа со палецот нагоре.
Рускиот пилот летал меѓу носачот на ракети Ту-95МС и ловецот на НАТО, со што го предупредил колегата од Алијансата да се оддалечи. Ф-16 по овој знак веднаш свртел на страна.
„МиГ-31 контролира дали се почитува безбедното растојание поставено од Министерството за здравство“, се вели под видеото објавено на ЈуТјуб.
МиГ-31 се смета за еден од најбрзите авиони, бидејќи може да лета со брзина до 2.500 километри на час. Ф-16 лета со брзина до 2.100 км на час.