По кражбата од 64 милиони долари, Тамара Еклстоун фотографирана во Дубровник

popara3 јуни, 20201min00
4F52055D00000578-6089809-image-m-10_1535011302219

Богатите наследнички, сестрите Петра (31) и Тамара (35) Еклстоун, ќерки на познатиот тајкун Берни Еклстоун (89), поранешен шеф на “Formula One Group”, фотографирани се на улиците на Дубровник, во Хрватска.

Девојките со години наназад го посетуваат јадранското крајбрежје, па се прикотвија на добро познатото место, веднаш штом попуштија мерките настанати поради Коронавирусот.

Тамара пристигна во Дубровник со сопругот Џеј Рутланд и ќеркичката Софи, а Петра го зеде со себе вереникот Сем Палмер, како и трите дечиња, близнаците Ендру и Џејмс и ќерката Лавинија.

Освен семејството, со нив беше и дадилката која внимаваше на нивните деца, а притоа никој од среќното семејство посебно не се истакнуваше, бидејќи сите беа секојдневно облечени.

Интересно е тоа што ниту една од двете сестри не се пофали на Инстаграм каде летува, но вереникот на Петра, Сем, објави заедничка фотографија на која се гледа дека уживаат некаде покрај вода.    

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma